Мостот кај Башино Село денеска повторно пуштен за сообраќај , вчерашниот сообраќаен метеж низ градот денеска стабилизиран

Повторно е пуштен за сообраќај мостот кај Башино Село кој вчера беше затворен поради високиот водостој на река Вардар. Како што информираат од ЈПДП причината што мостот беше привремено затворен за сообраќај е чистењето на наноси од големи трупци и дрва коишто претставувале опасност за мостот.
-Во периодот на повременото стопирање сообраќајот го регулираше МВР. Инаку, стручните лица на ЈПДП во текот на целиот ден беа на терен и ја следеа состојбата, а во вечерните часови на терен беше и директорот на ЈПДП, Коце Трајановски. Денеска, сообраќајот на мостот продолжи да се одвива по изменет сообраќаен режим како и во претходните денови, пишува во одговорот на ЈПДП на новинарското прашањето поставено од Дума.мк.


Инаку во текот на вчерашниот ден поради затворање на мостот кај Башино Село, кај 15:00 часот повторно се создаде сообраќаен метеж низ градските улици, денеска, по пуштањето на мостот во истиот период состојбата со гужвата е стабилизирана.
Стефани Манева
