Мртво тело на 34 годишен маж откриено е утрово под Железен Мост во Велес
Човечкиот труп е откриен под Железен Мост, во населбата Дворови, рано утрово. Мртвото машко тело на велешанец, роден 1990 година, лежело на земјена површина под мостот, на скоро средина од должината на железната конструкција. При крај е увидот на лице место што го прави екипа на СВР Велес во присуство на јавната обвинителка Анастасија Миланова.
-Во првичните информации можам само да соопштам дека на телото на 34 годишниот маж нема траги на насилство ниту убодни рани. Земени се примероци од дополнителни траги на лице место како и друг вид на материјал кој што ќе биде испратен во Одделот за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи во Скопје. Обвинителката Миланова веќе побара телото на починатиот маж да биде испратено на обдукција во Институт за судска медицина во Скопје, рече Цветанка Богоевска Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес.
Сега ќе се чекаат наодите од обдукцијата и резултатите на Одделот за форензички испитувања.
На велешкото Обвинителство му е познат идентитетот на пронајдениот мртов Велешанец.
Убавка Јаневска