МВР вчера откри 148 пијани возачи од кои 40 на територијата на СВР Велес
Возачите кога возат потребно е да бидат одморени. Ова беше само еден од повеќето совети што денеска на главната сообраќајница, улицата „Благој Ѓорев“, ги добија возачите од полицските службеници и претставниците на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Кампањата „Вози одморен“ започна на граничните премини, продолжи на автопатиштата и сега се реализира на улиците во градовите во државата. И на возачте во Велес им беше поделен пропаганден материјал коишто содржеше препораки за почитување на правилата и прописите во сообраќајот.
-Апелирам до сите учесници во сообраќајот да го планираат патувањето, не го потценувајте или занемарувајте заморот и не го занемарувајте летниот период во коишто се уштепостојат високи температури и голема фрекфенција на моторни возла. Почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот, самите себе си воедно сите останати учесници. Со тоа ја зголемувате безбедноста во сообраќајот. Возете одморени, возете одговорно, рече претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Гордана Кожуваровска.
Подгање на јавната свест на возачите е од суштествена важност за намалениот број на сообраќајни несреќи и изгубени човечки животи во државата.
-Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои ги почитуваат правилата и прописите и на тој начин заедно со нас придонесуваат за по безбеден сообраќај. Особено сакам да им се заблагодарам на полициските службеници кошто во овој летен период, на пеколни горештини, температури над 45 степени Целзиусови, даваат придонес за подобрување на безбедноста. Се разбира за оние граѓани до коишто не допираат нашите пораки со превентивните акции следуваат репресивни мерки односно санкционирање на прекршоците, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Вчера на територијата на државата биле изречени 490 казни за возење со поголема брзина од дозволената и 148 пијани возачи од кои 40 се на територијата на Секторот за внатрешни работи Велес. Од аналитиката што ја води МВР сепак во месец август, 2020 година бројките покажуваат значително намалување на сторени сообраќајни несреќи со жртви во споредба со истиот месец во годините претходно. Според полицијата тоа е резултат на едукативните и репресивни мерки што континуирано ги спроведува сообраќајната полиција.
Убавка Јаневска