Н.Е Бомгартнер: Блокадата од Република Бугарија за Северна Македонија постои но е од привиден карактер

Објавено на 24 јуни, 2021 во 17:38
Сирил Бомгартнер

При денешната посета на Општина Велес, на новинарско прашање, каков е неговиот став по прашањето на блокадите со коишто нашата држава се соочува на патот за прием во Европската Унија, поточно последната блокада, од Република Бугарија, одговори:

– Точно е дека вашата држава се наоѓа во моментов во состојба на блокада предизвикана од соседи. Но немојте да заборавите дека тоа е од привиден карактер. Иако се чини дека има блокада, таа само навидум постои и во исто време забележуваме дека безусловна е поддршката на Северна Македонија за започнување и отварање на преговорите колку што е можно побрзо и се повеќе се зајакнува од сите страни. Северна Македонија не е изолирана туку напротив многу е поддржана. Инаку се разбира дека постојат уште прашања коишто треба да се решат. Особено треба да се реши политичката состојба во одредени земји но мислам дека  тоа е возможно, во разумни рокови,за да се надмине блокадата и  да можат конкретно да отпочнат преговорите за членство, рече Сирил Бомгартнер.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.