На автопатот Скопје- Велес се возело со 200 км на час
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот, вчера, спровела акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Акциската контрола започнала во 09:00 и траела до 14:00 часот. Во овој временски период полициските службеници казниле 64 возачи.
Дваесет и четири возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, додека четворица возеле над 70 километри на час. На автопатот Скопје-Велес, пропишаната брзина е до 120 км на час, што значи дека дел од нив возеле со 200 километри на час.
Од министерството за внатрешни работи информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и взаемно придонесување за посигурни патишта.
Стефани Манева