На подрачјето на СВР Велес казнети 30 моторциклисти
Објавено на 12 мај, 2022 во 11:49
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес во текот на вчерашниот ден, била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекшоци кои ги прават моторциклисти.
-Од 11:00 до 16:00 часот биле констатирани и санкционирани 30 прекршоци, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Оттаму информираат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
Стефани Манева