На забава на „Бабуна“ уапсени седум лица кај кои била пронајдена марихуана и прашкаста материја
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, викендов, лишиле од слобода седум лица кои биле на забава во туристичкиот локалитет „Бабуна“ крај Велес.
Забавата започнала на 29 јули, сабота, во 22:30 часот и траела до 01:20 часот, на 30 јули, недела, кога полициските службеници пронашле бела прашкаста материја и марихуана кај Ф.И од Прилеп, И.Ш 31 година од Прилеп, 22 годишниот Д.С од Пробиштип, 51 годишниот Б.Б. од село Василево, струмичко, 22 годишниот С.А од Скопје, 21 годишниот велешанец П.Т и 38 годишен С.М исто од Велес.
-Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени
соодветни поднесоци, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
На истата забава, во 01:15 часот полициски службеници го привеле и 44 годишниот Д.Ј од Велес затоа што физички нападнал полициски службеник додека вршел службени дејствија.
– Д.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Дума.мк