Нападнат кавадарчанец со остар предмет и тепачка во Неготино

Објавено на 15 септември, 2021 во 16:14

Триесет и четири годишен кавадарчанец e повреден со остар предмет во грбот. Инцидентот се случил на 14 септември годинава во раните утрински часови. Случајот во полициската станица Кавадарци бил пријавен во 08.30 часот од вработените во итната медицинска помош каде повредениот побарал помош. Според информациите на полицијата триесет и четири годишниот К.С. бил повреден пред угостителски објект на улица „Браќа Миладинови“ во Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

Истиот ден во полициската станица Неготино, дваесет и едно годишниот А.Х од Струмица пријавил физичка пресметка помеѓу него и триесет и осум годишниот Б.А. од Скопје, од една страна и тројца кавадарчани на возраст од 20 до 30 години од друга страна. Тепачката се  случила околу 16 часот во кругот на приватно претпријатие во Неготино. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера и денеска полицијата регистрирала четири лица на подрачјето на Велес за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита. Против нив ќе се поднесат соодветни поднесоци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.