Навидум мала, но длабока дупка на коловозот, на велешкиот асфалт, може да биде кобна и за пешаци и за автомобили! (фото)
Порака со содржина „ Навидум мала но длабока дупка во коловозот на спојот на улица „Партение Зографски“ до „Благој Ѓорев“ може да биде кобна и за пешаци и за автомобили“, попладнево стигна на е-мајл адресата на Дума.мк. Според проценките на граѓаните дупката можеби е длабока околу 2 метри.
Совесни сограѓани апелираат до сограѓаните кои пешки или со автомобили се движат во овој дел на Велес да бидат внимателни. Особено вечерва и ноќва, како што напишаа, бидејќи дупката длабока е и тие се сомневаат дека можеби е поткопана поголема земјена површина под асфалтот на коловозот за што велат дека им укажуваат големиот број на испукувања на слојот со асфалт околу неа.
Граѓаните денеска се обиделе да стапат во контакт со Општина Велес за да ја пријават. Бидејќи не успеале во намерите, наместо да се постави соодветна сообраќајна сигнализација, ставиле гајби за да ја одбележат. Точното место на дупката на принт скринот на Гугл мапс е одбележан со лилјакова боја.
Убавка Јаневска