Неготинец физички го малтретирал својот татко, пијан маж се однесувал агресивно кон полицајци
Сектор за внатрешни работи Велес, преку својот дневен билтен информира за три пријавени случаи во текот на вчерашниот ден во Одделение за внатрешни работи Неготино.
Првата пријава во ОВР Неготино пристигнала од 51 маж којшто го пријавил својот 29 годишен син поради семејно насилство.
-На 10.01.2024 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од
слобода М.Н.(29) од неготинско село, по пријава од неговиот 51-татко, затоа што,
според пријавеното, во семејната куќа физички го малтретирал и му се заканувал.
Со пријавителот во присуство на лице од Центарот за социјални работи Неготино
бил извршен разговор, М.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен
обвинител и по докуметирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, за вториот случај информира дека полициски службеници од ОВР Неготино го привеле триесет годишниот С.Ѓ од Неготино во 18:20 часот, затоа што на улица „Вардарска“ во Неготино го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување под дејство на алкохол. Ѓаковска додава дека тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пет минути пред полноќ, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници го привеле и дваесет и пет годишниот М.Ч од Неготино кој под дејство на алкохол се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Неготинецот бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк