Неготинец приведен во полиција поради сомнеж за рибокрадство – во автомобилот имал 10 кг риба, мрежи и гумен чамец
Објавено: 11 мај, 2026, во 12:32 часот
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера претпладне,во 10:00 часот, во село Криволак, неготинско, го лишиле од слобода И.С.(46) од Криволак поради тоа што во неговото возило пронашле 10 килограми риба, мрежи и гумен чамец.
„На патен правец село Криволак – село Пепелиште било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од И.С. и при преглед во возилото биле пронајдени и одземени 10 килограми риба, мрежи и гумен чамец поради основи на сомнение дека биле употребени за незаконит риболов. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес
Убавка Јаневска



