Неготинка пријавила сопруг поради „зулум“ и закани во домот

Објавено на 24 јануари, 2024 во 10:38

Лишен од слобода е Л.Д.(44) од Неготино. Полициски службеници на ОВР Неготино него го лишиле од слобода вчера вечер во 23:30 часот постапувајки по пријава од 39-годишната сопруга.

-Сопругата пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, Л.Д. и упатил закани и оштетил дел од покуќнината, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Според полицијата, Л.Д.  бил задржан во полициска станица, известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.