Неготинка пријавила сопруг поради „зулум“ и закани во домот
Објавено на 24 јануари, 2024 во 10:38
Лишен од слобода е Л.Д.(44) од Неготино. Полициски службеници на ОВР Неготино него го лишиле од слобода вчера вечер во 23:30 часот постапувајки по пријава од 39-годишната сопруга.
-Сопругата пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, Л.Д. и упатил закани и оштетил дел од покуќнината, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Според полицијата, Л.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк