“Повардарие“ без акцизна дозвола
Неготинската винарија “Повардарие“ остана без акцизна дозвола. Затворени се акцизните складови, а Царинската управа и ја одзеде дозволата.
“По однос на овој спор на 31 јули оваа година одлучуваше Управниот суд на Република Македонија кога донесе правосилно решение. Со него беше одложено извршувањето на присилната наплата, побарана од Царинската управа. Ова решение важи се до завршување на спорот. Немаме друг коментар, ќе оставиме да се произнесе директорот на Царинската управа . Ќе видиме по кои закони работи, бидејќи сметаме дека овде има класично непочитување на судски одлуки “ – вели Ванчо Kузманов, директор на „Повардарие“.
Претходно Царинската управа побарала хипотека, а “Повардарие“ во согласност со Законот за данок ставила под хипотека дел од имотот се додека спорот не биде комплетно завршен.