Црвениот пипер, на Бистренчани, повторно со ниска откупна цена
Семејството Ѓорѓиеви од Неготино важи за едно од најголемите производители на црвен пипер во регионот.Традиционалниот зачин во македонската кујна кај нив повеќе од три децении зазема важно место во земјоделското производство.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=2aGKqDjpqno&feature=plcp|500|400|0{/youtube}Велат дека род и квалитет има оваа година,ама цената не е добра зашто стои непроменета со години.
„Просечно секоја година произведуваме околу 400 кг црвен пипер,дел од него оваа година дадовме во фабриката за пипер во Прждево а дел оставив за дома.Сепак морам да кажам дека не сме многу задоволни од цената со оние трошоци кои ги имаме за негово производство не сме баш задоволни ,многу е ниска 180 ден за кг и со неа не можеме да ги покриеме трошоците,зашто за да произведен црвен пипер потребна е и поголема инвестиција“,ни рече Тошо Ѓорѓиев.
Според него,има многу прекупци кои го бараат пиперот за бадијала за потоа да го препродаваат за повисока цена,всушност тие се оние кои и ја одредуваат цената.Не добиваат субвенции,зашто произведуваат на нива земена под кирија,но затоа бараат поорганизиран пласман.Производството на пиперката за овој зачин започнува во месец март и бара многу работа за да се произведе квалитетен род.
„Пиперот бара многу работа,садење на расад,негово плевење,па потоа расадување и најмалку до три пати треба прашење.Откога ќе созрее се бере,се ниже во низи и на крај се суши,значи има доста работа. Ако сакаш да заработиш мора деа вложиш труд. Ние сме во брак 33 год и производството на пипер ни е извор за егзистенција ама сепак во последните години не сме задоволни од откупната цена која е многу ниска“,вели Вела Ѓорѓиева .
Инаку демиркапиското село Бистренци е исто така голем производител на црвен пипер. За околу 400 жители тој е главниот извор на егзистенција.Најзастапени се сортите гороглед и хаес.Годишно го има на површина од околу 30 хектари. Бистренчани велат дека иако нема цена како порано до 250 ден за килограм сепак остануваат верни на традицијата затоа што за нив е и единствениот извор на егзистенција.