Клучот на градот Неготино, годинава за актерот Диме Илиев!

Објавено на 6 ноември, 2012 во 09:51

Неговата прва претстава, едночинка, која ја одиграл уште кога бил во прво одделение, во училиштето во Неготино го открила талентот на младото момче и потоа му го одредила животниот пат на Диме Илиев.

Детската амбиција прераснала во предизвик да се глуми. Се до гимназиските денови тоа била аматерска кариера, со голема поддршка на познатиот актер од Неготино Ацо Ѓорчев , кој често доаѓал и режирал во градот на виното. Потоа Илиев запловил во професионални води. И не погрешил бидејќи од дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје и вработувањето во Драмскиот театар до денеска одиграл околу 90 премиерни улоги од кои поголемиот број главни, во најдобрите претстави на репертоарот на Драмски театар, но и на сцените на други театри во Македонија. Настапувал во телевизиски и радио драми, играл улоги во филмови, а имал и неколку режисерски ангажмани. На крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години на минатиот век Диме Илиев беше македонска автентична ѕвезда.

 

Токму поради се oва градот во кој Диме Илиев ги направи првите актерски чекори и ги одигра првите улоги одлучи годинава токму тој да биде прогласен за почесен граѓанин на Неготино. Општината традиционално клучот на градот го доделува на  празникот 8 ми ноември. На ваков начин им укажува чест за се што сториле во изминатиот период и на тој начин оставиле белег во развој на градот и општината како и неговата промоција во државата и надвор од неа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.