Неготино: И покрај неизвесноста, археолошкиот локалитетот Градиште, ќе се истражува!

Објавено на 6 ноември, 2012 во 23:16

Истражувањата на локалитетот Градиште кај Неготино ќе продолжат и во следните три години место за кое се претпоставува дека се наоѓа античкиот град Антигонеа,ова го најавија деновиве од Музеј на Македонија при нивната посета на Неготино.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=r4bgxgVvcWk&feature=plcp|500|281|0{/youtube}Според  директорот Перо Јосифов станува збор за меѓународен проект кој започнал да се реализира во 2009 год заедно со Институтот за класични и ориентални студии во Валенсија,Шпанија,Универзитетот Гдањск во Полска,како и Музејот на град Неготино.

„ Ова е еден од оние ударни локалитети на оваа артерија север југ и од тие причини е влезен во капиталните проекти на владата.Сепак нам ќе ни треба малку повеќе внимание да посветиме на локалниот бедем кој вака визуелно од патот е добро да се гледа и да биде подетално истражуван од оваа страна спрема автопатот“,рече Перо Јосифовски директор на Музеј на Македoнија

Како дел од минатогодишните капитални проекти на Владата беше истражувањето на бедемот но поради економската криза активностите беа запрени.Пред еден месец беше истражувана внатрешноста на локалитетот каде досега беа откриени разни објекти,садови од керамика,улици за животот овде кој се одвивал од 4 век пне до 2 век од новата ера.

-„Овде досега имаме откриено  околу десет илјади парчиња на керамика,кујнска или трпезна керамика. Со задоволство ќе кажам дека овде има и мошне голем број на импорт садови односно увезени садови и тоа директно од производители од јужна Италија или пак произведени во работилници од познати керамички центри во Грција.Изобилството на пронајдени монети го дополнува само овој броен материјал кој е поставен во музејот и потврдува дека некогаш овој град функционирал најнормално“,изјави Горан Санев раководител на археолошките истражувања,

Оваа година се откажа партнерот од Шпанија додека полските археолози продолжуваат со нивното учество каде всушност се и главните финансиери на овој нов четири годишен догвор со 40 илјади евра а учеството на државата е преку финансирање на проектот од страна на Министерството за култура. Целта на ископувањата на Градиште е Неготино да стане атрактивно за развој на културниот туризам. Градиште е интересен локалитет бидејќи се наоѓал на Виа Игнација, главниот пат во античко време кој од Стоби, преку Антигонеа,водел кон Вардарски Рид и во тоа време тоа бил еден од најфреквентните патишта.Според надлежните досега откриениот археолошки материјал може да бид еискористен за одржлив културен и туристички развој на општина Неготино и пошироко.

 

.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.