Грижа за старите лица

Објавено на 14 ноември, 2012 во 23:12

Општинската организација на Црвен Крст Неготино е подготвена за одбележување на „Неделата за грижа на стари лица ”.

Акцијата која ќе се спроведе од 19 до 25 ноември ќе има за задача да ја поттикне свеста кај граѓаните да посветат поголемо внимание и грижа за оваа група на граѓани. Најавуваат дека во наредниот период имаат во план да работат на подготовките за што подобро организирање на акцијата.

По тој повод до двете основни училишта и ДСУ Свети Кирил и Методиј во Неготино за учениците ќе се достави едукативен материјал, етички кодекс, флаери и плакати,  а очекувањата се дека со акцијата ќе се придонесе за поголема грижа и внимание кон старите и изнемоштени лица.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.