Сопствениците на “Повардарие“ ќе ја затворат визбата ако државата им заплени имот!

Објавено на 2 декември, 2012 во 14:21

Најавеното доаѓање на извршители, во понеделник, ги изреволтира сопствениците на Винарската визба „Повардарие“во Неготино.

Раководството смета дека Царинската управа не ги почитува судските одлуки.  Од Повардарие тврдат дека не можат да сфатат како може присилно да им се наплатува даночна обврска кога имале решение на Управен суд со кое се одлага извршувањето се додека не заврши спорот помеѓу неготинската винарска визба и државата.

 

„ Повардарие има поведено постапка пред Управен суд на РМ и на 27  август, годинава  доби три решенија со кои се запираат сите дејства за присилна наплата од винарската визба,  се додека овој суд не донесе конечна одлука. И покрај тоа што оваа одлука не е правосилна, Царинската Управа преку своите органи пристапува веќе кон присилна наплата“,вели Ванчо Кузманов ,директор на „Повардарие“.

Пред еден месец, Царинската управа му ја одзеде акцизната дозвола на „Повардарие„ и ги затвори  акцизните складови за не наплатени даночни обврски од 40 милиони денари. Сега во колку се случи и присилната наплата тогаш винаријата ќе биде затворена, рече Кузманов.

„ Вино Жупа,  сопственикот на винарската визба, сериозно размислува да се повлече од Македонија, од винарската визба Повардарие бидејќи со ова на некој начин се губи и вербата во институциите на системот. Сега не знаеме каде да бараме заштита. “,рече Кузманов.

Тој посочи дека сепак состојбата нема да влијае на исплатата на грозјето на лозарите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.