Неготинка прави уметнички дела од лубеници и тикви!

Објавено на 5 декември, 2012 во 20:38

Лебед,разни животни,птици,мотор и што ли уште не,чуда би рекле изработени од зеленчук и овошје,уметнички дела на Снежана Велјанова од Неготино.

Спаѓа во една од малубројните личности во државата кои се занимаваат со карвинг вид на дисциплина во угостителството,каде се практикува резба или копаничарство на плодови од зеленчук и овошје.Ремек дела излегуваат од раката на Снежана,мајсторство кое сепак кај нас не е доста познато.Карвингот го усовршила минувајќи часови на интернет од каде ја проучувала тајванската академија.Завршила средно угостителско училиште и вели дека целиот свој живот и е со јадењето.

 

„Триесет години ја работам оваа работа и сакам гостите секогаш да бидат задоволни,не само од тоа како ќе ја подготвам храната туку како ќе им биде сервирана,што се вели со очи да ја изедат“,рече Снежана.

Жената со златни раце,така Снежана ја нарекуваат неготинци кои секојдневно се воодушевуваат на нејзините уметнички дела направени од тиква,лубеница,дајкон,морков и многу други производи

„Не знам можеби не само да научиш туку треба и да имаш вродено нешто во себе за да ја следиш ова работа.Учев од познати мајстори на карвингот,со часови седев на интернет и учев од школата на Лени Херц од Тајван која има своја сопствена академија. Едноставно гледав и знаев дека ќе научам. Инспирацијата за понатаму ја црпам од се она околу мене“, рече Снежана.

Нејзините декорации се познати ширум земјата. За секоја веселба таа има своја фигура,вели дека и е задоволство да создава,заборава на се околу себе а за да изработи една фигура потребни и се од два до седум часа.

„За карвингот ви се потребни ум,смисол и нож. Имам интересни ситуации кога некои од гостите на прославите мислеле дека вазните со цветови кои стојат на масите не се за јадење но потоа им подавам од цвеќето и им велам дека слободно можат да го пробаат. Нивниот восхит не се мери со ништо“,вели Снежана.

Таа смета дека нема да застане на ова туку и во иднина ќе продолжи да ја надградува својата професија.Ја оставивме да твори нови уметнички дела со кои ќе продолжи да мами восхит кај луѓето.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.