Манифестација„ Сите сме исти под ова сонце “ за лицата со хендикеп во Неготино !
Лицата со ментален хендикеп научиле да се радуваат па затоа за манифестацијата која беше организирана во нивна чест имаа насмевки и зборови на благодарност.
„Самиот наслов кажува се,дека сите сме исти под ова сонце,за нив вниманието е секогаш добредојдено, но мораме да сфатиме дека треба да биде што почесто,не само од нас туку и од целата заедница,“рече директорката на Центарот за култура Мирјана Јованова.Организаторите велат дека лицата со посебни потреби треба да се радуваат секој ден и нивните права и обврски сите да ги почитуваат. Играорците од КУД Ацо Ѓорчев, пејачите победници на изборот за најдобар глас на Неготино и ученици од градот кои пишуваат поезија им приредија денеска неколку часовно дружење на лицата со посебни потреби во градот. Во центарот за култура Ацо Ѓорчев се дружеа сите.
