Анализа: Колку ја цениме водата за пиење?
Водата е состојка без која не може никој и ако ја немаме тогаш и не би постоел живиот свет на планетата.
Во денешно време се случуваат бројни климатски промени кои укажуваат на тоа дека доаѓа период кога ќе треба многу да се цени оваа скапоцена течност. Ги имаме сега последиците на глобалното затоплување,многу високи температури во текот на летниот период а врнежите од дожд се намалени. Нормално дека секој од нас се порачува имаме ли доволно воден потенцијал за годините кои доаѓаат?
Истражувањата покажуваат дека имаме доволно вода но дека доволно истата не е искористена. За тоа да се реализира потребни се активности,нејзино пронаоѓање,акумулирање,донесување до цевководите и нејзина дистрибуција до потрошувачите.
Прогнозите дека Македонците по најнерационалната потрошувачка на вода се наоѓаат на третото место,веднаш по нас се Италија,Шпанија и Малта.Потоа следуваат Италија, Шпанија и Малта со најлош индекс на потрошувачка на вода.
Загубите на вода кај нас се редовни поради застареноста на водоводните мрежи некаде и над педесет години,со стари и азбестни цевки а неизоставен дел од нашето секојдневие е секако и дивото приклучување на мрежата.Комплетна слика за ситуацијата ќе се има ако се потсетиме и на нејзиното нерационално трошење од страна на граѓаните.
Се смета дека загубата во главниот град на државата е двојно повеќе од другите главни градови во Европа.Само за илустрација во Виена загубата е 12 отсто,Белград 20,Љубљана 31 отсто,Загреб 23,Стокхолм 21 отсто и други.Во Неготино и Кавадарци загубите на вода се движат околу 50 проценти додека во Куманово,Тетово,Кочани околу 40 отсто.Експертите предлагаат да се размисли за итни реконструкции на водоводните мрежи за што сепак се потребни огромни финансиски средства.Пресметките се дека на Неготино за ова ќе му бидат потребни скоро 3 милиони евра.
Изминатиот период за последните три години водата во Неготино драстично се покачи за 200 отсто.Односно од 10 денари за метар кубен потрошена вода која жителите на Неготино ја плаќаат години наназад од лани тие плаќаат по 18,5, а правните лица по 36,5 ден за метар кубен.
Тогаш од ЈП „Комуналец“ рекоа дека Неготино има најевтина вода за пиење во земјата и неопходно е цената да се покачи за да можат поефикасно да интервенираат во водоводниот систем. Еден од главните проблеми на водоводната мрежа е нејзината застареност и потребата од замена на азбестните цевки кои создаваат постојани дефекти и загуби. Редукциите што се спроведуваат во изминативе две децении во Неготино се постојани преку целата година.
Инаку една фамилија која живее во куќа за време на летниот период и се потребни десетина метри кубни за еден месец додека на оние кои живеат во згради потребите им се од 5 метри кубни месечно.
Локалната самоуправа Неготино неодамна најави дека ќе го подобрува водоснабдувањето во градот и населеното место Пепелиште преку реализација на проектот тежок 2,5 милиони денари средства издвоени од општинскиот буџет.Се поставува дополнителен цевковод во должина од 500 метри со што ќе се добијат нови дополнителни 3 л/с за жителите на повисоката зона на селото и каде водоснабдувањето години наназад е на незадоволително ниво.Втората опција од проектот е набавка на две нови пумпи за вода кои од технички аспект ќе ги задоволат потребите за вода за пиење и тоа над 50 л/с со што едниот крак ќе биде насочен кон Неготино со што треба да се ублажи недостигот на вода кој се провлекува со децении а другите два крака ќе се насочат кон селото Пепелиште и ВП Криволак.
Инаку,водоснабдувањето на Неготино се врши од изворот “Лукар”, од кој се снабдува и Кавадарци а максималниот проток на вода во системот “Лукар” изнесува 105л/сек, додека во сушни години 60 л/сек.Постојано од комуналните претпријатија се укажува на практиката на граѓаните чистата вода за пиење несовесно да се троши за наводнување на земјоделските површини,бавчите и дворовите.
Имаше случаи во Тиквешијата кога неодговорни земјоделци беа фатени на лице место како ги наводнуваат лозовите насади.Експертите посочуваат дека големо значење има рационалната употреба на водата во земјоделството со користење на системите „капка по капка“./ Б.Н.Т