Семејна драма со отровни јајца во неготинско село!
Во петокот маж од неготинско село чиј идентитет не го откриваме, разочаран зашто го напуштила сопругата си направил јајца во кои ставил отров а пред тоа преку меил и се заканил на жена му дека ќе го отруе и нивниот син,дознава Дума.мк.
Дознаваме дека двајцата подолг период имале семејни проблеми и дека жената не можејќи повеќе да издржи деновиве заминала од дома и отишла кај нејзините во соседното село.Откако ја добила заканувачката порака дека ќе го отруе и нивниот син жената побара помош од пријател кој веднаш реагирал кај несреќниот сопруг .Во муабетот тој му рекол дека нема да му направи ништо на синот,ни раскажа близок на семејството.
Во меѓувреме веќе во полицијата стигнало известување дека разочараниот сопруг се затрул најверојатно зашто го напушила жена му.
“Испржил јајца во кои ставил внатре отров,иако детето сакало и тоа да јаде од нив,тој не му дозволил и продолжил да јаде сам.Потоа ,бил итно пренесен во Скопје,каде се наоѓа надвор од животна опасност“,раскажува нашиот извор.
Од МВР го потврдија настанот,дека маж се затрул но и дека истрагата била во тек и најверојатно станува збор за самоубиство.
Иако се знае идентитетот на луѓето сепак нема да откриваме детали за тоа зашто имаме предвид дека станува збор за настан кој во иднина може негативно да влијае на нивното малолетно дете, а и заради тоа што се се случувало во мало населено место каде работите поинаку се гледаат. Б.Н.Т