Во Неготинско уништени садници со сомнителен квалитет!

Објавено на 5 март, 2013 во 15:27

На депонијата во Неготино денес беа уништени 5500 парчиња овошни и лозови садници како и подлога за овошни садници заради тоа што кога биле увезени од Србија во Македонија било откриенo дека истите се со сомнителен квалитет.

Станува збор за 5500 лозови садници од сортата мускат хамбург кои имаат економски штетник или вирус што предизвикува виткање на листот кај виновата лоза и резултира со намалени  приноси.

„ При влез во државата земени се мостри за испитување на посадочниот материјал кој е испратен во акредитирана лабораторија во Македонија. Резултатите покажаа дека 5500 парчиња се заразени со вирус на шарка, карантински штетник и тој мора да се уништи. Затоа тие 5500 парчиња ќе ги запалиме за да не направиме комплетна радијација на местото каде се чуваа  досега“, рече директорот на земјоделскиот инспекторат, Румен Стаменов.

Освен садниците кои денеска се уништија биле увезени и 5050 кои ќе бидат вратени на фирма извозник од Србија. Дополнително ништење се спрема и на 1000 садници во Крива Паланка и Скопје но ќе се чека уште два до три дена за да истече рокот во кој извозникот има право на жалба во колку се сомнева во анализите направени во лабораторијата во Македонија.

Инаку Србија е карактеризирана како ризично подрачје за производство на саден материјал. Затоа била издадена наредба на граничните  премини каде влегува овој вид на стока со потекло од  Република Србија задолжително да бидат земени мостри за здравствено испитување на растенијата.

Садниците чинат околу 30 илјади евра но според надлежните индиректната штета која произлегува од нив е далеку поголема. Претставникот на земјоделците Ефтим Шаклев соопшти дека во акциите на земјоделскиот инспекторат биле откриени големи количини на неисправен семенски материјал,вештачки ѓубрива и пестициди кои воколку биле продавани земјодлеците би имале ненадоместлива штета./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.