Нови дождови би предизвикале попуштање на браната кај село Липа!
Силните дождови кои паднаа овие денови предизвикаа попуштање на браната кај неготинското село Липа.
Ова го потврдија и од Водостопанство Тиквеш.Техничкиот директор Илија Темелковски за Дума.мк рече дека во текот на вчерашниот ден заедно со инспектори од Министерството за животна средина извршиле увид на браната по што констатирале дека моментално со овој дотур на вода од сливното подрачје не постои опасност и браната се наоѓа во стабилна состојба.
-„Доколку дојде до нови врнежи и зголемување на водниот тек тогаш веќе постои опасност од нарушување со што би дошло и до нејзино попуштање.Тоа би предизвикало само поплава на земјоделското земјиште зашто во случајов браната има голема должина која би го ублажила ударот на надојдената вода“,смета Темелковски.
Според Темелковски,на браната која е изградена во далечните 80 ти години највисокото ниво и е 23 000 м2 а количината на вода е околу 80 илјади метри кубни,нејзината висина е 8 метри а е изградена во 80-те години на минатиот век. Инаку, не е познат бројот на водокорисници кои користат вода од браната.
-„Земјоделците земаат вода преку испустниот вентил зашто браната нема систем за наводнување, со агрегати ја носат водата до нивите,па сето тоа влијае за сегашната состојба на браната“,сметаат експертите.
Темелковски посочи дека будно ја следат состојбата и внимаваат на најавите бидејќи деновиве се очекуваат нови врнежи од дожд./Б.Н.Т
