Украдени патоказите на затворениот мост на Вардар кај Пепелиште!

Објавено на 10 март, 2013 во 16:05

Извршена е кражба на мостот за кој има целосна забрана за одвивање на сообраќај.

Информација за негова поправка сеуште нема но, има за кражба на патоказите кои беа поставени на мостот.

Непознато лице, ноќеска, ги украло патоказите кои навечер светеа и биле многу скапи.

Еден од нив чинeл 400 евра. Дека недостасува дел од патната сигнализација откриле денеска од ЈП Македонија пат и ја пријавиле кражбата во полиција.

Сите се чудат каква била целта на кражбата и зошто крадците ја извршиле.

„Навистина не ми е јасно која е целта на крадците и зошто ги украле“,рече раководителот Петар Емшов

Според него во минатото кога се граделе мостовите на Врадар немало хидроцентрали кои кога доаѓа до топење на снегот ја испуштаат водата од браните и со тоа го зголемуваат водостојот на реката.

Водата попатно носи дрвја и гранки кои запираат на густо поставените столбови и прават оштетувања.

Сега и фреквенцијата на возила по мостовите била зголемена особено на тешки товарни возила со носивост над 25 тони.

-„Се разбира дека сите овие работи имаат влијание.Санација на мостот ќе има само ,се чекаат пари за таа намена а се разбира и подобрување на временските услови.Најверојатно тоа ќе биде во месец јули кога и водата во реката е помала и полесно ќе може да се интервенира на санација на мостот,изјави Емшов./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.