„Гласаа“ денеска корисниците во дневниот центар Порака !
Но, тоа беше само вежба на учесниците од групата за самозастапување, кои имаат право на глас. Вежбата, имаше за цел да научат како треба да се однесуваат кога ќе излезат на гласање.
Оваа практична вежба беше многу корисна за дел од нив кои никогаш во својот живот поради одземената деловна способност немале можност да видат како тече самиот процес на избори во Македонија.
Тие се лишени од правото на глас а преку групата за самозастапување ќе се борат да го остварат уставно загарантираното право на учество во изборниот процес.
Многумина од нив кои на вежбата покажаа дека разбраа што преставува процесот и која е неговата цел се надеваат дека веќе на наредните избори ќе бидат вклучени во избирачкиот список. Тие ја добија поддршката од дневниот центар „Порака“ во Неготино./Б.Н.Т