Слаба вклученост на средношколците во процесот на одлучување!
Последните резултати од истражувањето на Младинскиот образовен форум покажуваат дека во средношколското организирање во Македонија не постои унифициран систем и дека учениците се организирани преку разни облици и нивоа, но заедничко за сите училишта е што средношколците не учествуваа во процесите на одлучување и не се застапени во органите на училиштата.
При истражувањето на начините за избор на претседатели на класови и генерации, забележано е дека училиштата претставени преку класните раководители поставуваат строги и дискриминаторски услови, дозволувајќи им само на редовните, дисциплинираните, примерните и солидните ученици да ги застапуваат своите ученици,стои во извештајот.
Истражувањето покажува дека се уште постојат училишта во кои изборот на претседател на клас го врши класниот раководител, со што на учениците најдиректно им се одзема правото да одлучуваат кој ќе ги претставува,сметаат од Форумот.
Кон крајот на минатата година членовите на Младинскиот образовен форум во Неготино спроведоа акција насловена како „Направи чекор, сознај ги своите права“ која имаше за цел промоција и актуелизирање на човековите права особено во делот на заштитата со тоа што на градскиот плоштад на граѓаните им делеа флаери со ваква содржина./Б.Н.Т