Избран е новиот Совет на општина Неготино!
Во наредните четири години, на советничките места ќе седат и за проблемите на неготинци ќе одлучуваат петнаесет советници.
Деветмина од нив се припадници на коалицијата За Подобра Македонија. Тоа се Јордан Паунов, Петре Манчев, Николина Симјановска, Јасминка Димитрова, Игор Јованов, Ванчо Јаневски, Сашко Николов, Васка Мојсовска и Сузана Јованова.
Бидејќи пет советнички места и припаднаа на опозицијата предводена од СДСМ, во новиот состав на советот, влегоа Васко Стефанов, Жаклина Тимова, Тони Делков, Диме Витанов и Марина Димитрова.
Неготинци му дадоа доверба и на еден советник од партијата Народно движење на Македонија. Тоа е Сашко Пендев.
Освојувајќи апсолутно мнозинство, владеачката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, ќе го предложи и претседателот на Советот на општината.
Исто така и новиот градоначалник на Неготино, Ванчо Апостолов е од редовите на власта.
Сега треба да се почека само да завршат шестите локални избори во Македонија поточно да се одржи вториот изборен циклус на 7 април, годинава за потоа новиот состав на советот да почне да работи.
На стариот состав ќе му истече мандатот наредниот месец. /Б.Н.Т