Во Неготино парада на маски!

Објавено на 1 април, 2013 во 13:07

Неготино денеска беше весел и шаренолик град под маски. На  улиците продефилираа многу Бетмени, Хуреми, пожарникари, фудбалери, ликови од сказни и омилени детски јунаци.

Сите го славеа денот на шегата особено децата кои копнеат да изгледаат како нивниот омилен лик од приказните или цртаните филмови.

Денот на шегата 1-ви Април,ја стави во прв план инвентивноста,разните идеи,желби и фантазии како за децата така и за нивните родители и наставници.

Уште од рано наутро пред да тргнат во градинка или на училиште, се гледаше возбудата кај најмладите за настанот, на кој пред своите воспитувачи, наставници и родители тие го носеа омилените костими и маски.

Поголемиот дел од костимите и маските биле набавени од продавниците во градот, а дел изработени од нивните родители и најблиски.

Во парадата низ градскиот плоштад се вклучија  двете детски градинки во Неготино и учениците од двете основни училишта, создавајќи притоа прекрасна атмосфера во која и самите тие уживаа, но и сите граѓани кои имаа можност да ги видат нивните маски, да ги слушнат песните и да го проследат танцувањето.

Денот помина и во кажување на шеги, вицови и гатанки со смешна содржина./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.