Новиот градоначалник на Неготино најави почеток на реализација на ветените проекти!
Новиот градоначалник на Неготино, Ванчо Апостолов денеска организираше свечен прием за бизнис секторот од општината и граѓани. Се заблагодари за подршката што ја добил на локалните избори и во изјава за медиумите нагласи дека започнуваат со агресивна реализација на ветените проекти.
„Приоритети има неколку но, ние ќе се зафатиме со капиталните проекти кои се основни приоритети на Неготино. Тоа се индустриските развојни зони, Црвени брегови и Дуброво. Исто така ќе се врши и реконструкција на водоводната мрежа. До јули-август треба комплетно да бидат заменети сите водомери, да се детектираат губитоците на вода. Кон крајот на годината ќе го реконструираме и водоводниот систем се со цел да се добие 24 часовно водоснабдување. Исто така има и по неколку помали проекти.Мораме поагресивно да се зафатиме со работа, тоа се однесува на изградба и реализација на проекти“ рече Апостолов./А.Д