Дождовите се добредојдени за неготинските лозја!

Објавено на 10 април, 2013 во 08:45

Врнежите од дожд деновиве ја зафатија Тиквешијата се добредојдени за лозаропроизводителите од овој најголем лозаро винарски регион во земјава.

-„Влагата во почвата посебно добро ќе им дојде на лозовите плантажи на кои претходно им се даде вештачко ѓубриво што ќе придонесе за побрз и поефикасен развој на самата лоза“,велат лозарите.

Покрај кроењето се заменуват старите дотраени бетонски и дрвени столбови и се поставува нова  метална жица.

Доколку нема дојава на ниски температури со добрата обработка, губрење,заштита и наводнување, годинава лозарите очекуваат да произведат над 45 милиони килограми винско грозје за потребите на винарските визби ширум земјава..

Од земјоделските аптеки во Неготино велат дека драстично е зголемена потрошувачката на вештачки ѓубрива од страна на лозарите што е всушност и карактеристично за овој период од годината./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.