На „Харлем шејк“ танцуваа млади од Неготино и Чиле !

Објавено на 12 април, 2013 во 13:25

И покрај големата оддалеченост од 11.000 километри и  временската разлика од 6 часа, не беа пречка во исто време и на две локации да другаруваат, танцуваат, се забавуваат и едуцират младите од Неготино и нивните врсници од градот Виљарека од Чиле.

За да се реализира овој интересен настан иницијатор е неготинската снаа, јужноамериканката со потекло од Чиле, Емилија Ларачеа Формас која со поддршка на локалната самоуправа Неготино,вложи максимални напори преку воспоставување видео-конференциска врска да се оствари оваа соработка.

Учениците од Чиле за време на забавата беа на час и заедно со неготинските деца танцуваа во ритамот на популарната електронска музика „Харлем шејк“.

Покрај видео-врската меѓу Македонија и Чиле, беше воспоставен видео-контакт и со Швајцаарија при што учесниците на забавата разговараа со светски познатиот диџеј Луцијано, а се одржа и презентација на тема „Технологијата и музиката“./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.