Земјоделците го осигураа имотот!
Постапката во неготинско сеуште трае. Земјоделците покажаа интерес како за осигурување на имотот така и за родот.
-„За таа цел земјоделците прво доаѓаат во просториите на Подрачната единица да добијат потврда па потоа одат во осигурителните куќи каде им се изготвува полиса и повторно се враќаат во подрачното одделение каде поднесуваат барање за субвенционирање“, рекоа од таму.
Земјоделците можат да поднесат барање за помош за премии за осигурување за осигурено примарно земјоделско производство, за лозови и за овошни насади до 10 хектари, за градинарски култури и тутун до 2 хектара, за житни култури до 20 хектари и за пчели до 100 пчелини семејства.
Висината на поддршката е 60 проценти од трошокот на премијата за осигурување, а барањата се поднесуваат до 30 август во Подрачната единица на Министерството за земјоделство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство./Б.Н.Т