Ротаракт Клуб – Неготино организира „Новогодишна кошница“

Објавено на 17 декември, 2020 во 12:04

rotarakt klub

17.12.2020

Со цел освојување на што повеќе детски насмевки во текот на празничните денови и подигнување на новогодишната атмосфера на повисоко ниво, Ротаракт Клубот од Неготино организира добротворна акција за донирање на новогодишни пакетчиња.

Пакетчињата полни слатки задоволства се наменети за децата и истите ќе бидат подарени на најмладите ученици од основните училишта во Општина Неготино.

Тие ги повикуваат сите членови на клубот, но и сите добронамерници од Општина Неготино да учествуваат во оваа акција преку донирање на новогодишни пакетчиња, производи за пакетчиња, или парични средства кои ќе бидат наменети за купување на пакетчиња.

Како што информираат од Ротаракт Клубот – Неготино, секој оној што сака да се вклучи во акцијата, може да ги контактира членовите на клубот на телефонскиот број 071/ 250-920.

Акцијата започнува на 17-ти овој месец, и истата ќе трае се до 22 декември.

Време е за подароци и детски насмевки ! – велат од Ротаракт Клуб – Неготино.

 Ротаракт е меѓународна општествена организација на млади професионалци и студенти на возраст од 18 до 30 години, кои се посветени на услуга и лидерство во нивните заедници и работни места. 

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.