Новогодишнa донација за ученици во Неготино

Објавено на 28 декември, 2020 во 13:44

Crven Krst

28.12.2020

Хуманоста не е одлика на духовно сиромашните. Хуманоста ја отсликува големината на еден човек, a пример за тоа е наш сограѓанин, кој за Новата година реши да израдува неколку ученици со подарок персонален комјутер, велат од Општинската организација на Црвен Крст од Неготино.

Имено, во текот на вчерашниот ден, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Неготино, а во соработка со фитнес инструкторот Ивица Јанев од Неготино, беа донирани 13 компјутерски уреди наменети за ученици кои немаат можност да ја следат наставата онлајн.

Од Општинската организација на Црвен Крст од Неготино изразуваат голема благодарност до нашиот сограѓанин Ивица Јанев (ICEBBF), фитнес инструктор и нутриционист, носител на повеќе Бодибилдинг титули(Балкански шампион и апсолутен шампион на РМ) за донираните комјутери.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.