Уапсен неготинец: Возел со фалсификувана возачка дозвола
Објавено: 21 јануари, 2021, во 09:57 часот
21.01.2021
На 20.01.2021 околу 14.00 часот во Неготино од полициски службеници билo лишенo од слобода лицето К.Ц. (47) од Неготино, откако при контрола на автомобилот било забележано дека лицето поседува и вози со фалсификувана возачка дозвола издадена во Р. Бугарија.
Против ова лице ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.

Мите Јаначков



