Пријава за семејно насилство и сообраќајна незгода во Неготино
01.02.2021
Како што информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес, на ден 30.01.2021 во Полициската станица – Неготино, 64-годишна жена од Неготино пријавила дека околу 15.00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг В.Д.(61). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мотоциклист од Кавадарци паднал и се повредил на регионалниот пат Кавадарци – Неготино. На 31.01.2021 во 17.10 часот, во ОВР – Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци –Неготино, кај место викано „Антената“ во Неготино, М.Н.(53) од Кавадарци, управувајќи мотоцикл „линкен“ без регистарски ознаки, паднал. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом – Неготино. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица – Неготино.
Мите Јаначков
