Во чест на Св. Трифун: Денес во Неготино се одржа натпреварот за најдобри вина и ракии произведени од неготински лозари

Објавено на 11 февруари, 2021 во 14:21

natprevarnegotino

11.02.2021

Рекордни 106 мостри оваа година пристигнаа на натпреварот за најдобри вина и ракии произведени во домашни услови што традиционално, секоја година го организира Општина Неготино.

Дегустацијата и изборот на пристигнатите примероци од индивидуални производители денес го вршеа професионални енолози од македонското Здружение на винари вршат . Натпреварот е во склоп на овогодинешното скромно празнување на на верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите. Денес се дегустираа бели, црвени и розе вина, како и ракии, произведени во домашни услови од страна на неготинските лозари.

Секретарот на локалната самоуправа на Неготино, Ивица Златковиќ изрази задоволство од, како што рече, се поголемиот интерес за учество на ваквите натпревари и се поголемиот квалитет.

Според Здружението на енолози, се забележува дека домашните производители на домашни вина и ракии ги почитуваат експертските совети, што резултира со квалитетно производство кое во иднина може да прерасне во мали фамилијарни бизниси.

Настанот се одвиваше во салата за дегустација на винаријата ,,Венец” во неготинското село Долни Дисан.

Наградите за најдобрите производители ќе се доделат во недела на празникот „Свети Трифун”.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.