Јапонска делегација во посета на Општина Неготино
16.02.2021
Јапонска делегација на чело со заменик Шеф на Мисија г. Такахаши Сатору заедно со Градоначалникот на Општина Неготино вчера направи увид на работите направени од грантот кој Општина Неготино, односно ПУ „ Гоце Делчев “ во селото Долни Дисан го доби од Јапонската Амбасада. Вредноста на грантот изнесува 30.463 евра или 1.867.434 денари. Со овие средства е извршена целосна инсталација на ново парно греење со пелети во училиштето. Старите печки на дрва кои се користеа во училиштето сега се заменети со радијатори.
Донацијата е од огромно значење за учениците на ова подрачно училиште во с. Долни Дисан.
Градоначалникот Делков се заблагодари до Јапонската амбасада за донацијата со што се подобрени условите за следење на наставата на сто и дваесет ученици од прво до деветто одделение и наставници кои одржуваат настава во ова училиште.
Мите Јаначков
