Финишира изградбата на новата социјална зграда во Неготино
19.04.2021
Со поставувањето на изолација и фасада, во завршна етапа влегува изградбата на социјалната зграда во Општина Неготино, што значи дека наскоро истата ќе биде пуштена во употреба.
Изградбата на оваа социјална зграда која е дел од проектот за изградба на социјални згради наменети за домување на лица од социјално-ранливи категории започна во 2019 година.
Министерството за транспорт и врски финансиските средства ги обезбеди од Банката за развој на Советот на Европа.
Социјалната зграда се наоѓа на излезот од Неготино кон Кавадарци и објектот е предвиден да биде дом за 62 семејства од категоријата во социјален ризик што живеат на територија на Општина Неготино. Тие со вселувањето во зградата трајно ја решаваат потребата од дом.
Мите Јаначков