Невладиниот сектор во Кавадарци добива поголема поддршка од општината (видео)

Објавено на 10 декември, 2021 во 15:31

Три милиони денари за поддршка на активностите на невладиниот сектор на општина Кавадарци се планирани во буџетот на општината за следната година, најави денеска градоначалникот Митко Јанчев на работниот состанок со претставници на невладиниот сектор. На состанокот се разгледуваше стратегијата за соработка на општина Кавадарци со граѓанските организации  за 2021-2025 година, акцискиот план, програмата за работа на невладините организации за следната година.

Јанчев во своето обраќање пред присутните на состанокот истакна дека соработката помеѓу општината и невладиниот сектор ќе се јакне во интерес на граѓаните.

Претставници од невладиниот сектор ќе членуваат и во комисите на советот на општина Кавадарци, со цел да се подобри квалитетот на одлуки кои ги носи општинскиот совет, а како што беше речено, се во интерес на сите граѓани во општина Кавадарци.

Поддршка на соработката на општината со невладините организации даде и претседателот на советот д-р Стојанчо Рамов.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.