Нова активна мерка на државата – субвенции за вработувања преку проект ИПА
Субвенции за вработување преку ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ можат да користат корисниците на ГМП, жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени лица. Тие потребно е да се пријават во работниот клуб на Центар за вработување Велес. Крајниот рок за пријавување е 31 јули, годинава.
Субвенционираните вработувања од страна на државата од друга страна, преку овој ИПА проект, овозможуваат секој работодавач што ќе вработи невработено лице од посочените целни групи да добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата, во месечен износ од 19.000 денари за период од 6 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ. Работодавачот има обврска да го задржи лицето во работен однос по завршување на субвенционирањето во дополнителен период од уште 3 месеци.
ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран е од Европска Унија. Проектот дел е од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година усвоен од Владата како 2.1 Субвенционирање на вработување – ИПА.
Заинтересираните повеќе информации можат да најдат на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
Убавка Јаневска