Нови 10 Ковид пациенти испишани од болница, но бројката на лежечки пациенти сѐ уште е висока
Објавено на 30 април, 2021 во 15:51
Продолжува трендот на намалување на бројот на заразени граѓани со Ковид – 19 во Велес. Во велешката болница моментално се лекуваат 81 пациенти од кои 59 се со потврден позитивен тест на вирусот, двајца се сомнителни и 20 пациенти се со негативен тест, но се задржани на болничко лекување. Дваесет и шест пациенти се на кислородна поддршка.
На Инфективното одделение во велешката болница се лекуваат 39 пациенти, во Модуларната болница се 27, на Интерно одделение се лекуваат осум пациенти и на физикалното одделение има 7 пациенти позитивни на Ковид 19.
Во последното деноноќие, како оздравени се испишани 10 пациенти со по еден негативен тест. За среќа, нема починати како последица на вирусот.
Убавка Јаневска