Нови осум случаи со ковид-19 во Велес и вкупно 639 во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на Ковид-19, од кои осум во Велес. Во моментов бројот на активни случаи во Велес изнесува 29.
Најголем број на новозаболени има во Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Охрид – по 8, Прилеп , Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 22 оздравени пациенти и пријавени се 6 починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.039.272 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.
Стефани Манева