Нови пет ковид пациенти испишани од велешката болница, бројот на лежечки болни се намалува
Објавено на 5 мај, 2021 во 16:40
Во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 71 ковид пациенти, од кои 51 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и 16 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 22 пациенти, соопшти д-р Елеонора Јованова.
Во текот на денот испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
На Инфективно одделение се лекуваат 37 пациенти, на Интерно одделение седум и во Модуларна болница вкуно 27 ковид пациенти.
Стефани Манева