Ново училиште во Долно Јаболчиште, во Општина Чашка
Сто и осумдесет ученици во Долно Јаболчиште, во второтото полугодие на учебната 2021/22 година ќе учат во далеку подобри услови од постоечките. Зградата ќе ја догради и надгради Општина Чашка со финансиска поддршка на Министерството за образование. Новото училиште проектирано е да има два ката со вкупна површина од 430 м2. Во тек е тендерската постапка.
– Вкупната инвестиција е околу 13 000 000 денари од кои над 7 000 000 ден се обезбедени од буџетот на општина Чашка додека останатите се од буџетот на Министерството за образование, во наредниот период. Комплетната изградба на училиштето треба да заврши во рок од 6 месеци. Со тоа ќе создадеме услови за изведување на настава во ново, современо и модерно училиште што како потреба на учениците со децении присутна е во ова населено место во општината, рече Градоначалникот Горан Стојановски.
Во училиштето во село Долно Јаболчиште се изведува настава од прво до деветто одделение.
Убавка Јаневска