Обука на полициски службеници од СВР Велес за комуникација со заедницата
Објавено на 30 ноември, 2022 во 10:03
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес од вчера, започнаа да посетуваат тридневна обука според програмата „Комуникација со заедниците“. Преку оваа обука којашто ја реализираат сертифицирани обучувачи од Министерство за внатрешни работи, полициските службении ќе се стекнат со нови вештини и знаења во насока на подобрување на квалитетот на полициската соработка со заедницата.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека обуката е дел од ИЦИТАП програмата при амбасадата на Соединетите Американски Држави и веќе била реализирана во Секторите за внатрешни работи во Штип, Битола и Охрид.
Дума.мк