Од утре започнува реконструкција на шахта на ул. „Благој Ѓорев“ – сообраќајот ќе се одвива отежнато

Објавено на 12 јуни, 2025 во 13:12

Во непосредна близина на касарната, од утре, петок ќе започнат градежни работи кои ќе го отежнуваат сообраќајот. Работите се однесуваат на реконструкција на металната решетка од шахтата за атмосферска канализација, која се наоѓа во многу лоша состојба и претставува потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот.

-Поради изведбата на градежните активности, на самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива отежнато, објаснуваат од локалната самоуправа и апелираат до граѓаните и возачите да ја почитуваат поставената сигнализација, со цел непречено и безбедно извршување на работите.

Според најавите, реконструкцијата треба да заврши за неколку денови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.