Од вчера до денеска, тројца велешани пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња

Објавено на 3 април, 2024 во 10:33

Во Полициска станица Велес за не полни 24 часа биле пријавени три каснувања од бездомни кучиња на различни локации во градот. Првата пријава вчера, на 2 април, ја поднел седумдесет и едно годишниот Д.И кој во полициска станица објаснил дека на улица „Благој Ѓорев“ бил каснат од бездомно куче.

Вториот случај бил пријавен ноќеска, 55 минути по полноќ, на 3 април, од страна на дваесет и пет годишниот Г.С од Чашка дека на истата улица, во близина на гимназијата „Кочо Рацин“ бил каснат од бездомно куче.

Последниот пријавен случај бил утрово во 07:00 часот. Дваесет и шест годишната М.К во полициска станица пријавила дека била касната во близина на спортската сала во Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.